Турските сојузници зазеле пограничен град во Сирија

143

Сириските бунтовници, поддржани од Турција, ја презедоа контролата врз центарот на пограничниот град Рас ел Ајин во североисточна Сирија, изјави неименуван турски функционер за безбедност, пренесува Танјуг.

– Сириската национална армија утрово ја презеде контролата врз центарот на градот. Инспекции се вршат во станбените области, рече тој.

Според турското Министерство за одбрана, „станбениот центар на Рас ал Ајин е ставен под контрола за време на успешните операции источно од реката Еуфрат“.

Во меѓувреме, Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека бројот на убиени цивили во офанзивата на Турција во северна Сирија е зголемен на 30 лица.

Сириската администрација предводена од Курдите во североисточниот дел на земјата информира дека по турските операции 191.069 лица се раселени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...