Иран нема „никаква намера да ги нападне” своите соседи, но ќе продолжи да го произведува „сето оружје” од кое има потреба за да може да се брани, изјави денеска иранскиот претседател Хасан Рохани.
– Сакаме да бидеме добар сосед и вие да сте добри соседи за нас – изјави иранскиот претседател, обраќајќи се кон блискоисточните земји.
Тој одржа говор во Техеран по повод Денот на иранските вооружени сили.
– Ние сме голема земја со огромни ресурси, ние сме голема цивилизирана нација и во последните десетици или стотици години Иран не нападнал никој од своите соседи или од земјите во регионот, рече тој.
Поради мешањето на Иран во Сирија на страната на претседателот Башар ал Асад и во Ирак, а сето тоа името на борбата против терористичката организација „Исламска држава”, но и поради борбата со Саудиска Арабија за регионална превласт, Вашингтон, Ријад и Западот го обвинуваат Иран дека го дестабилизира Блискиот Исток, пишува АФП.
Од своја страна, Техеран редовно го обвинува Западот дека е извор на сите зла во регионот, бидејќи води „империјалистичка“ политика и го поддржува Израел.