Италијанскиот ансамбл „Феста Рустика“ го затвора „Интерфест Битола 2019“

54

Со концерт на ансамблот „Феста Рустика“ од Италија, вечер во Битола завршува 28. издание на  Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“.

Италијанските уметници Џорџија Чинчирипи-сопран, Чипријана Смараданеску-чембало и Џорџо Матеоли-флаута, во концертната сала на битолскиот Музеј ќе изведат дела од Букстехуде, Вивалди, Марчело, Кампра и Хендл.

Во пресрет на вечерашното свечено затворање беше синоќешниот импресивен концерт на уметниците од Полска, пијанистката Тереза Кабан и Хенри Блажеј виртуоз на флејта, кои пред битолската публика изведоа дела од Лист, Албениз, Гинастреа, Рутер, Ибери и Енеску.

Во периодот од 2 до 11 октомври во Битола на „Интерфест“ настапија уметници од Франција, Полска, Италија и Северна Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...