Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека се обидува да ја заврши војната во Сирија, и притоа ја предупреди Анкара дека ќе биде финансиски тешко погодена доколку не игра според правилата.
– Се обидувам да ја завршам војната без крај, напиша Трамп на Твитер.
– Разговарам со двете страни, додаде тој, пренсен од британските медиуми.
– Велам дека ќе ја погодам Турција многу силно и финансиски и со санкции доколку не игра според правилата – истакна американскиот претседател и додаде „ внимателно набљудувам“.