Макрон: Нападот врз Сирија може да и помогне на ИД да го обнови калифатот

48
Photo: EPA / MICHEL EULER

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека турската офанзива во северна Сирија, што се спроведува кон сириските Курди, е „ризик да и помогне на Исламска држава во обнова на калифатот“, јави ДПА.

– Ја повикувам Турција да ја заврши што е можно поскоро – им рече Макрон на новинарите на прес-конференција во Лион, што беше посветена на борбата против заразните болести.

Турската инвазија, наведува ДПА, исто така, предизвикува „хуманитарен ризик за милиони луѓе“, додаде Макрон.

– Ризокот да и се помогне на ИД во обнова на калифатот, и хуманитарниот ризик, се единствена одговорност на Турција  пред меѓународната заедница – предупреди Макрон.

Фото: EPA/MICHEL EULER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...