Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган гарантира дека терористичката група Исламска држава нема да биде присутна во Северна Сирија, по воената операција во регионот насочена против курдските формации.
Обраќајќи се пред пратениците од сопствената Партија за правда и развој, Ердоган рече дека затворениците, припадници на Исламската држава, кои биле сместени во затвори на Курдите, ќе бидат држани под надзор.
Тој додаде дека некои од нив, кои ќе бидат примени од земјите, чии граѓани се, ќе бидат вратени во родното место.