Хидроелектраните „Шпиље“ и „Глобочица“ произведоа 211 милони киловат часови струја

Во Хидроелектраната „Шпиље“ се произведени 126 милиони киловат часови електрична енергија, што претставува 58,2 отсто од планираното за овој период од годината и 37,5 отсто во однос на истиот период минатата година.

205

Во Хидроенергетскиот слив (ХЕС) „Црн Дрим“, што го сочинуваат хидролектраните „Шпиље“ кај Дебар и „Глобочица“ кај Струга, за девет месеци произведени се вкупно 211 милони киловат часови електрична енергија.

– Прозводството е помало како во однос на планираното за овој период од годината, така и споредено со истиот период минатата година. Тоа се должи на послабата хидролошка година и намалениот доток на вода во акумулациите, но агрегатите се комплетно спремни за производство – изјавија за МИА надлежните во Електрани на Северна Македонија – ЕСМ.

Додаваат дека во Хидроелектраната „Шпиље“ произведени се 126 милиони киловат часови електрична енергија, што претставува 58,2 отсто од планираното за овој период од годината и 37,5 отсто во однос на истиот период минатата година.

Во втората хидроелектрана, ХЕ „Глобочица“, која е дел од сливот, произведени се 85 милиони киловат часови што е 61,6 отсто од планираното и 40 отсто во однос на истиот период минатата година.

Надлежните додаваат дека во двете акумулации има солидна резерва на вода и тоа за првоизводство на околу 40 милиони киловат часови електрична енергија.

Навреме реализираните ремонти и ревизии на електромашинската опрема се гаранција дека двете хидроелектрани се подготвени да примат и преработат поголема количина на вода, во случај на поповолна хидролошка состојба на ова сливно подрачје, порачуваат од ЕСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...