Романскиот Парламент ѝ изгласа недоверба на владата на Данчила

57

Романскиот Парламент ѝ изгласа недоверба на социјалдемократската влада на премиерката Виорика Данчила, пренесе Тасс.

На заедничката седница на двата дома на парламентот во Букурешт вкупно 238 пратеници и сенатори се изјаснија дека ја сакаат  оставката на владиниот кабинет, а седницата беше пренесувана во живо од главните римански телевизии. За изгласување недоверба на владата беа потребни минимум 233 гласа.

На овој начин опозициските партии ќе треба да формираат нов кабинет, на чело со премиер, кој ќе биде назначен од претседателот Клаус Јоханис.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...