Ердоган до ЕУ: Ќе ги отворам „портите“ кон ЕУ за 3,6 милиона бегалци, ако сметате дека вршиме инвазија во Сирија

2110
ФОТО: EPA / JUSTIN LANE

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се закани дека ќе ги „отвори портите“ за сириските бегалци од неговата земја кон Европа, одвивајќи ги критиките на Европската унија за тековната воена офанзива во североисточна Сирија.

– Вие не можете да ја оквалификувате нашата операција како инвазија, изјави Ердоган во Анкара во порака до ЕУ.

– Тогаш ќе ги отвориме портите и ќе испратиме 3,6 милиони бегалци, нагласи Ердоган. Тој  додаде дека турската воена операција е насочена само кон „елиминирање на теророт“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...