Двесте и десет одобренија за градба се издадени во август годинава, од кои најголемиот дел или 136 одобренија се за високо градба, објави Државниот завод за статистиката.
Статистика констатира и дека бројот на издадени одобренија е зголемен за 9,4 отсто.
Според објавеното, во скопскот регион се издадените 49 одобренија предвидена е изградба на 147 станови, од кои, пак, 125 се во општината Аеродром. Ќе се гради и во југозападниот регион, каде што се издадени 45 дозволи за градба, во Полошкиот 33, Вардарскиот 24, Југоисточниот 22, Пелагонискиот 20, Источниот 13 и најмалку во Североисточниот четири.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека предвидената вредност на сите објекти за кои е издадена дозвола за градба изнесува 2,33 милијарди денари, што е за 53,7 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупно 210 објекти, на 145 или 69,1 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 65 или 30,9 отсто објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 278 станови, со вкупна корисна површина од 24 728 кавдратни метри.