„Новости“: Србија ја напуштаат околу 51.000 луѓе годишно

57
ФОТО: EPA/KOCA SULEJMANOVIC

Србија месечно ја напуштаат 4.250 луѓе, односно околу 51.000 луѓе годишно, според податок на Европскиот завод за статистика.

Во исто време, 228.000 млади луѓе го напуштиле Западен Балкан, што е околу 20 проценти од работната сила, објавија „Новости“. Сепак, според официјалните податоци на Белград, од 2002 до 2011 година, 150.000 граѓани на Србија заминале во странство.

Анкетата спроведена од кабинетот на министерката за демографија и популациска политика, Славица Ѓукиќ Дејановиќ, покажа дека три четвртини од нив не планираат да се вратат.

„Пописот во 2021 година ќе даде поточни податоци за одлив на мозоци, но не мислам дека тие ќе бидат подобри од претходните“, рече министерката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...