Градскиот дувачки оркестар на Град Скопје денеска ќе одржи настап по повод празникот 11 Октомври.
Настапот е закажан за 17.30 часот кога од Музеј на град Скопје кон улица Македонија, па сѐ до плоштадот, оркестарот ќе одржи променаден концерт.
На оваа музичка променада, членовите на оркестарот ќе ги изведат делата: Младинска чекорница, Вардаре македонски, Патриотска чекорница, Народе македонски, Работнички марш, Ваташа и Огномет на слободата.
Градскиот дувачки оркестар, кој работи под покровителство на Град Скопје, составен е од членови главно професионални музичари. Досега, има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници, најразлични настани, давајќи им свечана нота.