Пратениците денеска четврти ден ќе дебатираат за Дополнетиот предлог на ребаланс на Буџетот за 2019 година.
Во него, вкупните приходи се проектирани на 210,5 милијарди денари, а вкупните расходи се утврдени на износ од 228,2 милијарди денари. Дефицитот останува непроменет и е позициониран во износ од 17,7 милијарди денари. Со ребалансот се предвидува намалување на приходната и расходната страна за 1,2 милијарди денари, односно за 0,5 отсто. Буџетскиот дефицит се задржува на ниво од 2,7 отсто, а ревидирана е проекцијата за економскиот раст на 2,8 отсто.
Во изминатите три дена дебатата околу ребалансот на Буџетот се одвиваше во меѓусебни обвинувања меѓу пратениците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ околу тоа колкава е реализацијата на капиталните инвестиции, бројот на странски инвеститори, успешноста на проектот „МојДДВ“….