Демократот од Претставничкиот дом, Џо Бајден првпат изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп треба да биде подложен на импичмент, додавајќи дека тој „ја предал нацијата“ и ја прекршил заклетвата што ја положил кога стапил на функцијата.
– За да се зачува нашиот Устав, нашата демократија, нашиот основен интегритет, тој мора да биде отповикан – истакна Бајден пред своите приврзаници на митинг во Њу Хемпшир.
Поранешниот потпретседател на САД беше повеќе пати обвинуван, без директни докази, од страна на Трамп за корупција.
– Тој прави дупки во Уставот и не смееме да му дозволиме да се извлече – наглси Бајден, кој е еден од фаворитите за противкандидат на Трамп на претстојните претседателски избори следната година во САД.