Средба Мицотакис – Туск

36

За темите што ќе се најдат на агендата на следниот самит на ЕУ меѓу кои и проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан, денеска разговараа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер, станало збор за Брегзит и последиците од излезот на Велика Британија од ЕУ без договор, за проширувањето на ЕУ и односите на Европската унија со Турција во однос на активностите во источниот Медитеран и во однос на бегалското прашање.

Доналд Туск оствари средба и со лидерот на СИРИЗА и поранешниот грчки премиер, Алексис Ципрас

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...