Франција, Британија и Германија повикуваат на одржување седница на СБ на ОН за Сирија

159
ФОТО: EPA/PETER FOLEY
ФОТО: EPA/PETER FOLEY

Франција, Велика Британија и Германија го повикаа Советот за безбедност на Обединетите нации да свика седница по повод турската офанзива во северна Сирија, изјави денеска државниот секретар за европски прашања во француското Министерство за надворешни работи Амели де Моншален.

Таа рече дека трите држави финализираат заедничка изјава со која „силно ја осудуваат“ турската офанзива, но дека сè уште не е договорено посебно соопштение на ЕУ, бидејќи некои земји сè уште не се вклучиле.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...