Турција ќе ги извести сите релевантни држави, вклучително и сириската влада, за планираната офанзива во североисточна Сирија, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Говорејќи на прес-конференција во Алжир, Чавушоглу рече дека операцијата ќе биде спроведена во согласност со меѓународниот закон и дека единствената цел на офанзивата ќе бидат екстремистите во регионот.
Чавушоглу рече дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го информирал американскиот претседател Доналд Трамп за време на викендот дека Анкара ќе покрене офанзива откако Вашингтон ги прекина напорите да создаде „безбедносна зона“ во тој регион.