Анѓушев: Ниедна регионална или локална иницијатива не може да биде замена за ЕУ

Треба да се види што тој „мал шенген“ подразбира иако е убаво кога ќе го кажеме популистички, но сепак треба да бидеме претпазливи, бидејќи ниедна локална и регионална иницијатива не смее да биде препознаена како замена на нашето членство во ЕУ , вели Анѓушев.

132

Нема алтернатива за зачленувањето во Европската Унија. Ниедна регионална или локална иницијатива, па ни „мал шенген“ не може да биде замена на тоа што ние го имаме како таргет, а тоа е земјава да стане членка на ЕУ, посочи денеска вицепремеирот за економски прашања Кочо Анѓушев.

– Тука нема алтернатива. Секоја иницијатива која што може да биде локална, а е за да ја подобри регионалната соработка, ние ќе ја поддржиме, но мислам дека има сосема доволно простор во рамките на постојните иницијативи. Треба да се види што тој „мал шенген“ подразбира иако е убаво кога ќе го кажеме популистички, но сепак треба да бидеме претпазливи, бидејќи ниедна локална и регионална иницијатива не смее да биде препознаена како замена на нашето членство во ЕУ – рече Анѓушев во одговор на прашање при посетата на средното електро-техничко училиште „Михајло Пупин“ каде што беше пуштена во употреба фотоволтаична електрана во училиштето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...