Белата куќа го извести Претставничкиот дом на Конгресот дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп нема да соработува во истрагата за отповикување, нарекувајќи ја „нелегитимна“ истрага на демократите.
Советникот во Белата куќа, Пет Сиполоне напиша во писмото испратено до демократските лидери на Претставничкиот дом, дека нивната истрага е покрената „на начин што ја нарушува основната праведност и со уставот пропишан процес“.
Писмото уследи откако американската претседателска администрација го спречи американскиот амбасадор во ЕУ, Гордон Сандленд, да сведочи во истрагата на Претставничкиот дом на САД во врска со отповикувањето на Трамп.
Сандерленд требаше да има состанок зад затворени врати со персоналот на три комитети предводени од демократите во Претставничкиот дом за неговата можна улога во напорите на Трамп да ја охрабри Украина да спроведе истрага за синот на поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден, политички ривал на Трамп.
ФОТО: EPA/ IAN LANGSDON / POOL