Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска го спречила амбасадорот на САД во ЕУ, Гордон Сондленд, да сведочи во истрагата на Претставничкиот дом за отповикување на Трамп од функцијата.
Сондленд требаше да има состанок зад затворени врати со персоналот на три конгресни одбори предвидени од демократите околу неговата евентуална улога во напорите на Трамп да ја поттикне Украина да спроведе истрага за синот на поранешниот американски потпретседаел Џо Бајден, инаку, негов актуелен политички ривал во претседателската трка.
Сондленд наводно се согласил да сведочи без судски повик, пренесуваат британските медиуми. Но, како што наведува Би-Би-Си, добил упатство од Стејт департментот да не се појавува во Претставничкиот дом.
Трамп изјави дека Сондленд ќе сведочел пред „кенгурски суд“.
– Би сакал амбасадорот Сондленд, многу добар човек и голем Американец, да го испратам да сведочи, но, за жал, тој би сведочел пред целосно компроминтиран кенгурски суд ( импровизиран, незаконски суд), во кој се одземени правата на републиканците, а вистинските факти не се дозволени пред јавноста – наведе Трамп на Твитер.
Британските медиуми наведуваат дека претставниците на Белата куќа и на Стејт департментот засега не се огласија официјално за случајот.