Трамп: Ја напуштаме Сирија, но не и Курдите

227
ФОТО: EPA / JIM LO SCALZO

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изнесе уверувања дека Вашингтон не „ги напуштил“ Курдите, и покрај неодамнешната негова изјава за повлекување на американските војници од подрачјата во северна Сирија, долж границата со Турција.

– На пат сме да ја напуштиме Сирија, но апсолутно не ги напуштивме Курдите, кои се исклучителни луѓе и одлични борци“, наведе Трамп на Твитер.

Според него, САД и натаму ќе им помагаат на Курдите,  финансиски и со оружје.

Тој, исто така, наведе дека САД имаат добри односи со Турција, но и предупреди дека „непредизвикани и непотребни“ турски акции ќе бидат „разурнувачки за труската економија и кревка валута“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...