Ангеловска: Анализата ќе покаже дали ќе има оданочување на капиталните добивки?

Даноци не се воведуваат за да се воведат, туку за да се операционализираат и да се има добар план за ефикасна наплата. Ако е мерка за да се намали јазот меѓу богатите и сиромашните, сметам дека треба да се даночат, зборуваме само за капиталните добивки од остварен приход од продажба на хартии од вредност, рече Ангеловска.

205

Најавивме дека ќе ја разгледаме иницијативата за одложување на оданочувањето на капиталните добивки, но тоа не значи дека тоа автоматски ќе се случи, туку со тоа се покажува волја да се разгледа издржаноста на барањето, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска денеска во Стопанската комора.

– Тоа според мене е добра волја да се разгледа дали иницијативата е издражана. Со конкретна одлука ќе излеземе наскоро, а секоја одлука ќе биде базирана на анализа на податоци и секако ќе биде во насока на најдоброто во интерес и на граѓаните и на реалниот сектор. Последниот збор ќе го дадат податоците, а пред фактите и боговите молчат – изјави Ангеловска.

Таа рече дека неделава ќе се сретне со претставници на Македонска берза и Комисијата за хартии од вредност кои се иницијатори за одложувањето.

– Даноци не се воведуваат за да се воведат, туку за да се операционализираат и да се има добар план за ефикасна наплата. Ако е мерка за да се намали јазот меѓу богатите и сиромашните, сметам дека треба да се даночат, зборуваме само за капиталните добивки од остварен приход од продажба на хартии од вредност. Треба да имаме предвид и како тоа решение ќе се имплементира во практика, која цена ќе се земе за продажна и стекната – рече Ангеловска.

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески пак смета дека оданочувањето на депозитите треба да се пролонгира за да се искористат сите механизми за стимулирање на економската активност.

– Тоа е прашање пред сѐ за граѓаните, има допирни точки и за нас, но мислам дека треба да дојде до пролонгирање во ваква ситуација во којашто се наоѓаме и да се искористат сите механизми за стимулирање на економската активност. Затоа мислам дека е добро да се пролонгира -рече тој.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...