Американски официјални претставници презедоа мерки за безбедност за да заштитат припадник на разузнавачката служба, односно свиркачот чија изјава минатата недела предизвика процес за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп.
Адвокатите на свиркачот во писмо до директорот на Националната разузнавачка служба изразија загриженост дека безбедноста на нивниот клиент може да биде загрозена откако Трамп посочи дека тој е шпион кој го извршил предавството.
Според адвокатите, „одредени лица“ понудиле награда од 50.000 американски долари за какви било информации за идентитетот на свиркачот.
Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом на Конгресот минатата недела објави преработена верзија на алармантна жалба против американскиот претседател Доналд Трамп што доведе до истрага за Конгресот против него.
Истрагата се заснова на извештај на свиркач од разузнавачките служби на САД, во кој се утврдува дека претседателот ги злоупотребил „надлежностите на својата функција за да изврши притисок врз странска земја да се вмеша во изборите во 2020 година“ и оти државниот обвинител Вилијам Бар и Џулијани, најверојатно, биле дел од тие усилби.
Трамп демантира дека направил кривично дело. Тој повеќепати го опиша разговорот со Володомир Зеленски како „идеален“, нарекувајќи ги неговите критичари „предавници“ и изјавувајќи дека истрагата за импичмент е „пуч“ за негово отстранување од функција.
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS