Грбав кит плива во Темза кај Лондон ВИДЕО

179

Грбав кит долг најмалку пет метри денеска бил забележан во реката Темза кај Лондон, речиси една година кога во близина на британската престолнина беше забележана белуга.

– Ние сме 99,99 проценти сигурни дека се рабори за грбав кит. Многу луѓе го видоа – рече портпаролот на лондонската служба која ја надгледува реката.

Белугата што се појави во Темза пред една година, го доби името Бени, а покрај бреговите на Лондон живееше речиси три месеци, потсетува „Ројтерс“.

– Ова сега не е Бени бидејќи не е белуга – појасни портпаролот.

Грбавите китови, кои некогаш масовно биле ловени за нивната високо ценета маст, може да достигнат тежина до 40 тони и да пораснат до 18 метри.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...