Џонсон ја повика ЕУ да се изјасни за британскиот предлог за Брегзит

74
Photo: EPA / ANDY RAIN

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ја повика Европската унија детално да го изнесе својот став за неговиот план за Брегзит, изјавувајќи дека тој веќе  направил „голем компромис“ за постигнување нов договор.

Во текот на посетатат на една лондонска болница Џонсон рече дека Велика Британија изнесе многу великодушна, фер и логична понуда, пренесоа британските медиуми.

– Сега сакаме да слушнме од вас (Европската унија) што мислите за тоа. Доколку имате проблем со некој предлог што го дадовме, ајде тогаш детално да разговараме за тоа – рече Џонсон.

Британскиот премиер се запраша и кои се забелешките и сугестиите на ЕУ на неговиот предлог и наведе дека се уште од Брисел не слушнал што мисли за тоа кои се проблемите.

Фото: EPA/ANDY RAI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...