Саудиска Арабија подготвена да испрати војници во Сирија

257
EPA/AHMED YOSRI

Саудискиот министер за надворешни работи Адел ал-Џубеир ја повтори подготвеноста на таа држава да распореди војници во Сирија, како дел од напорите стабилизација на земјата.

– Од почетокот на кризата разговараме со САД за испраќање на војници во Сирија – изјави Џубери на прес-конференцијата со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

Неговата изјава беше коментар на написот на „Вол стрит џурнал“ во кој се наведува дека американската администрација сака да ја собере арапската воена коалиција, која би ги вклучила Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, со цел да помогне во стабилизацијата на Сирија.

-Тоа не е нешто ново. Ние и на Обама му го предлагавме тоа – изјави Џубеир.

Фото: EPA/AHMED YOSR

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...