ЕК: Турција нема постигнато напредок

74

Европската комисија во Извештајот за напредокот на Турција во процесот на евроинтеграција наведува дека земјата не постигнала напредок и оти дури брзо се движи назад.

Во Извештајот се посочува дека Турција и понатаму ја ограничува слободата на политичките опоненти и медиуми, а нема постиигнато напредок во борбарта против корупцијата.

Турција е критикувана и поради големи недостатоци во областа на владеењето на правото, човековите права и слободата на изразување.

Брисел бара од Анкара и укинување на вонредната состојба, што е воведена по неуспешниот државен удар во јули 2016 година.

ЕК предупредува дека годините на напредок во исполнување на европските стандарди во сферата на човековите права, слободата на изразување и владеењето на правото се изгубени и оти е забележано ослабнување на демократијата во Турција, додека се зголемуваат ингеренциите на претседателот.

– Турција продолжува да се оддалечува од ЕУ со големи чекори, посебно во сферата на владеење на правото и фундаменталните права – изјави еврокомесарот Јоханес Хан по претставувањето на Извештајот.

Турција ги почна преговорите за членство во ЕУ во 2005 година, но тие стагнираат последните години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...