Се судрија јапонски патролен и севернокорејски рибарски брод

Несреќата се случила додека патролниот брод ги предупредувал рибарите од Северна Кореја дека навлегле во ексклузивната економска зона во Јапонија.

40

Јапонската крајбрежна стража спаси повеќе од 10 членови на екипаж на севернокорејски рибарски брод, што се судри денеска со јапонски патролен брод.

Крајбрежната стража претходно објави дека 20-члениот севернокорејски рибарски брод впловил во територијални води и ексклузивната економска зона на Јапонија.

Севернокорејскиот брод почнал да тоне по инцидентот, додека патролниот брод е без оштетувања.

Во операцијата за спасување се приклучиле и други рибарски бродови.

Несреќата се случила додека патролниот брод ги предупредувал рибарите од Северна Кореја дека навлегле во ексклузивната економска зона во Јапонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...