ЕК: Реформите и дијалогот со Белград клучни за евроинтеграција на Косово

41

Косово на својот европски пат треба да го забрза процесот на спроведување на неопходните реформи, да покаже посилен ангажман во дијалогот со Белград и да изгради консензус околу клучните стартешки прашања, се наведува во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Приштина на патот кон ЕУ.

Во текстот се оценува дека во текот на минатата година биле забавени работата на Парламентот и реформските процеси, поради одолговлекувањето на изборниот период.

ЕК препорачува дека политичките актери во Косово треба да се ангажираат за конструктивен дијалог во Собранието, како клучен форум за политичка дебата и да работата на спроведување на рефомите поврзани со приближувањето кон ЕУ, кои треба да бидат третирани како приоритетни.

Во извештајот се нагласува потребата од интенизвирање на дијалогот со Белград и спроведување на договорот постигнат во Брисел, пред се во делот на формирањето на Заедницата на српски општини.

Комисијата очекува од косовските власти да се посветат и на забразна имплементација на Договорот за стабилизација и асоцијација и на спроведување на европските реформи.

Во документот се изразува и „серизона загриженост“ поради обидите за укинување на Специјалниот суд за воени злосторства на поранешната ОВК.

– Од клучна важност за Косово ќе биде целосно спроведување на меѓународните обврски, кои се однесуваат на Специјалниот суд и Канцеларијата на специјалниот обвинител, кои се воспоставени за да се разјаснат одредени наводи за злосторствата извршени за време на конфликтот во Косово – се наведува во Извештајот.

Комисијата ја поздравува ратификацијата на Договорот за демаркација на границата меѓу Косово и Црна Гора, што, како што се наведува, заедно со закајнувањето на борбата против корупцијата и организираниот криминал, е клучен услов за визна либерализација за косовските граѓани.

Во Извештајот се оценува дека е постигнат напредок и на еконмски план, посебно во подобрувањето на бизнис климата, но дека се неопходни мерки за спречување на сивата економија и за справување со големата невработеност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...