Четири лица утрово загинаа во пукање во Канзас Сити објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на официјалниот профил на Твитер на полицијата во овој американски град.
Пријавено е дека вкупно девет лица се погодени со огнено оружје кога непознат вооружен напаѓач влегол во бар и отворил оган, потврдиле од полицијата на Си-Ен-Ен.
Инцидентот се случил во 1:30 часот по локално време.