Американскиот амбасадор ги повика косовските граѓани да излезат на денешното гласање

45

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово Филип Коснет ги повика утрово косовските граѓани да излезат и да го дадат својот глас на вонредните парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Приштина.

Коснет преку објава на Твитер им порача на Косовците дека секој нивни глас е значаен и дека треба да гласаат заради сопствената иднина.

„Добро утро гласачи на Косово. Денеска е денот да излезете и да гласате. Вашиот глас е значаен – гласате за себе, за вашата земја, за вашата иднина. Косово е вашиот дом“, напиша Коснет.

Во Косово денеска се одржуваат седмите парламентарни избори од завршувањето на војната во 1999 година. Право на глас имаат над 1,9 милиони граѓани, а учествуваат 25 политички субјекти, од кои 20 партии, четири коалиции и еден независен кандидат. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...