Светската недела на вселената ќе се одбележи со посета на Кокино

59

Посета на Кокино, детски работилници, посета на Планетариум за деца и возрасни, се само дел од активностите кои ќе се спроведуваат во рамки на Светската недела на вселената, што од денеска до 10 октомври, под мотото „Месечината: Порта кон ѕвездите“, ќе се одбележува во земјава.

„Целта на овој настан на глобално ниво е да се стави акцент на придобивките од вселенските истражувања, спроведени во текот на изминатата година, за решавање на предизвици на планетета земја и во вселената“, соопштија организаторите.

Организаторите на овогодинешното одбележување на Светската недела на вселената испраќаат моќна порака за инклузија – „Сите делиме иста месечина“!.

„Во соработка со „We share the same Moon” („Сите делиме иста месечина!“) за целата македонска јавност се достапни различни ресурси, видеа и приказни на знаковен јазик и уште многу други активности поврзани со нашиот природен сателит Месечината, кои може да се најдат на линкот https://www.wesharethesamemoon.org/?page_id=544“, посочија организаторите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...