Индиските воздухопловци случајно собориле свој хеликоптер, шестмина загинале

Шефот на индиските воздушни сили, Ракеш Сингн Бадурија го нарече инцидентот „голема грешка“. Тој додаде дека ВВС ја завршиле својата истрага и дека се поведени постапки против двајца офицери.

155
Индиското воено воздухопловство соопшти денеска дека кон крајот на февруари случајно собориле еден од своите хеликоптери за време на престрелката со пакистанските борбени авиони над индискиот контролен дел на Кашмир.

Шефот на индиските воздушни сили, Ракеш Сингн Бадурија го нарече инцидентот „голема грешка“.

Тој додаде дека ВВС ја завршиле својата истрага и дека се поведени постапки против двајца офицери.

Инцидентот се случил на 27 февруари, при што загинале шестмина припадници на ВВС.

Со ракета земја-воздух бил погоден хеликоптер Ми-17 во Кашмир.

Индија објави дека нејзините борбени авиони погодиле воен камп на ридот Балакот во внатрешноста на Пакистан на 26 февруари.

Во соопштението се вели дека во кампот биле членови на екстремистичка група одговорна за самоубиствен напад со автомобил-бомба во кој загинаа 40 индиски војници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...