Грета Тунберг му возврати и на Путин со „Љубезен, но недоволно информиран тинејџер“

Можеби ќе ве разочарам, но не ја делам вашата возбуда околу говорот на Грета Тунберг… Никој не ѝ објаснил дека современиот свет е посложен и поинаков. Луѓето во Африка или во некои азиски земји, на пр., сакаат да имаат услови како во Шведска, изјавил Путин на форумот.

660
ФОТО: EPA / MICHAEL NAGLE

Рускиот претседател Владимир Путин на Форумот за енергетика во Москва завчера, говорејќи за шведската активистка за заштита од климатските промени, Грета Тунберг, ја оцени како „фина и многу искрена девојка“ која не ги разбира комплексностите на современиот свет.

– Можеби ќе ве разочарам, но не ја делам вашата возбуда околу говорот на Грета Тунберг… Никој не ѝ објаснил дека современиот свет е посложен и поинаков. Луѓето во Африка или во некои азиски земји, на пр., сакаат да имаат услови како во Шведска, изјави Путин на форумот.

Тој, сепак, додаде дека децата кои се страсни борци за заштита на животната средина, треба да бидат поддржани од лидерите.

Слично како што тоа го стори и со претседателот на САД, Доналд Трамп, 16-годишната девојка одговори со промена на својата куса биографија на Твитер, вметнувајќи ги зборовите на Путин.

„Љубезен, но недоволно информиран тинејџер“, се вели сега во описот на Тунберг.

Со оваа саркастична шега, таа само ја зголеми популарноста кај своите обожаватели тинејџери.

Тунберг е номинирана за Нобеловата награда за своите заложби и дејност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...