Основниот суд во Гњилане им одреди 30-дневен притвор на косовските Срби Ж.Д. и В.Б., кои обвинителството во тој град ги терети за вршење притисок врз гласачи на парламентарните избори што ќе се одржат в недела, на 6 октомври, да гласаат за партијата Српска Листа (СЛ), јави дописникот на МИА од Приштина.
Како што е соопштено, три лица од српска националност ги пријавиле осомничените дека на 26 и 27 септември во континуитет вршеле пристисок в недела да ја поддржат и да гласаат за СЛ.
Со ова, според обвинителството, Ж.Д. и В.Б. извршиле кривично дело „повреда на слободната определба на гласачите“, кое се санкционира со Кривичниот закон на Косово.