Поранешните вработени во ОХИС и денеска протестираат пред институциите.Тие бараат исплата на побарувањата од стечајната постапка за 24 неисплатени плати и придонеси од плата за 16 месеци. Имаат неисплатени осум плати од 2008 година и 16 плати од 2012 и 2013 година.
Поранешните вработени во овој поранешен хемиски гигант со години се на улици, а последната година протестираат секој петок пред Собранието, Министерството за труд и социјална политика и Влдадата со надеж дека ќе им се реши прашањето.