Рисимкин гостинка на Биеналето за уметност во Тулуз

88

На покана на Францускиот институт од Париз, во соработка со Францускиот институт од Скопје, Рисима Рисимкин гостува на Биеналето на уметноста во Тулуз, Франција.

Биеналето се бави со ‘живата уметност’ и се оддржува на повеќе локации низ градот во периодот од 24 септември до 12 октомври 2019 година во организација и соработка на триесет уметнички партнери од областа на современата култура. Во рамките на делот за професионални уметници и културни работници, има повеќе од двесте учесници-гости од Франција, Австрија, Шведска, Унгарија, Чиле и други земји. Рисимкин ќе има можност да ги сподели искуствата на современата сцена кај нас, воедно да договори гостувања со уметници од Франција кај нас и пласман на наши уметници надвор.

Во рамките на овој престој, таа ќе има состаноци со уметници од областа на современиот танц, современиот циркус, музика и визуелни уметности, со што ќе се овозможи интернационален пласман на проектот „Инкубатор”, кој Интерарт културниот центар го реализира во изминативе две години.

Рисимкин ќе ја претстави работата на Скопје танцовиот театар, кој следната недела ќе ја започне новата сезона, деветта по ред, како и работата на Интернационалниот фестивал “Танц Фест Скопје”, кој од следната година ќе развива нов концепт на својата програма.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...