Трамп ќе бара и од Кина да ги истражи Бајден и неговиот син

127
ФОТО: EPA / Chris Kleponis / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп, против кого во американскиот Конгрес е покрената постапка за отповикување поради барање од својот украински колега да спроведе истрага околу неговиот политички ривал Џо Бајден, денеска рече дека е подготвен да упати слично барање и до кинескиот претседател.

– Кина треба да почне истрага околу Бајденови – рече Трамп пред Белата куќа.

Тој додаде дека не барал директно од кинескиот претседател Си Џинпинг да го истражи дејствувањето на Бајден и неговиот син, но рече дека секако е нешто за што може да почне да размислува.

Во Претставничкиот дом ан Американскиот конгрес во тек е истрага што може да доведе до отповикување на Трамп, откако протекоа информациите дека тој вршел притисок врз неговиот украински колега Володимир Зеленски да го истражи синот на поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден, Хантер и неговиот бизнис во украинска компанија за гас во тоа време кога неговиот татко беше потпретседател.

„Вашингтон пост“ вчера објави дека Хантер Бајден формирал приватен фонд со инвестиции од кинески фирми кога го придружувал својот татко во официјална посета на Пекинг во 2013 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...