Стопанската комора на Косово бара реципроцитет кон Македонија за забраната на увоз на риба

214

Стопанската комора на Косово (ОАК) изрази денеска длабока загриженост поради наводната повторна забрана на извозот на икра и риба за порибување од Косово во Македонија и побара од косовскиот министер за трговија и индустрија Ендрит Шаља итно да го реши проблемотјави дописникот на МИА од Приштина.

ОАК тврди дека, иако одлуката на македонските власти од 1 јуни, годинава, за увоз на риби за порибување беше укината минатиот месец, таа деновиве повторно почнала да се применува.

„Измените на законот и процедурите од страна на Северна Македонија стануваат мошне голема пречка не само за нашите бизниси туку и за македонските бизниси кои се снабдуваат од Косово. Поради тоа, ОАК оствари контакти со фирмата “Трофта“ и со фирмата „Фреш Фиш“ од Гостивар, кои нагласија дека за последните промени кои се направени бизнисите не се претходно информирани и им се создаваат големи бариери во соработката. ОАК бара од министерот Шаља да преземе итни мерки на реципроцитет до постигнувањето конечно решение за ова прашање“, се вели во соопштението на ОАК.

По претходната забрана за увоз од Косово на икра и риба за порибување од страна на македонските власти, косовското Министерство за трговија и индустрија во август наложи забрана на увоз на мед и компири од Северна Македонија. На почетокот на септември, откако косовската страна ги исполни предвидените услови за извоз на икра и риба за порибување, двете земји постигнаа договор и забраните беа укинати.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...