Сириската армија почна напади врз бунтовничка енклава јужно од Дамаск

210

Сириската армија денеска започна со артилериски напади врз енклава под контрола на бунтовниците јужно од Дамаск, трасирајќи пат за освојување на реонот.

Како што соопшти анонимен претставник на една провладина паравоена формација, станува збор за операција против борците на исламистичкиот Фронт Ал Нусра и на остатоците на џихадистичката група Исламска држава во реоните на Јармук и на Ал Хаџар ал Асуад.

Оваа енклава е многу помала од реонот на Источна Гута, врз кој сириските владини сили недоамна повратија контрола по неколку неделна офанзива против бунтовничките групи, со поддршка на руското Воено воздухопловство.

Истиот извор најави дека наскоро владините сили би можеле да преземат контрола и врз бунтовниката енклава околу градот Бејт Сам, кој исто така се наоѓа јужно од Дамаск. Според него, не е исклучено да биде постигнат договор бунтовниците доброволно да се повлечат од Бејт Сам и да им биде овозможен организран превоз да реоните под бунтовничка контрола во провинцијата Идлиб во северна Сирија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...