Во падот на бомбардерот седуммина загинати

Авионот Б-17 со четири мотори и на млазен погон, во кој биле 13 патници, се урна и запали при неуспешен обид за полетување.

68
ФОТО: МИА

Бројот на загинати во вчерашната авионска несреќа, кога се урна авион бомбардер од времето на Втората светска војна во близина на Меѓународниот аеродром Бредли, се искачи на седум лица.

Авионот Б-17 со четири мотори и на млазен погон, во кој биле 13 патници, се урна и запали при неуспешен обид за полетување, додека пилотот се обидувал повторно да го приземји. Несреќата се случи северно од Хартфорд, во американската држава Конектикат, соопштија властите.

– Авионот бил во воздух неколку минути, кога пилотот пријавил проблем со постигнувањето на висината, соопштија властите.

Авионот Б-17 на аеродромот беше изложен претходно оваа недела од групата за образование на Фондацијата Колингс.

Само неколку од овие авиони се технички способни да летаат. Тие се долги 23 метри, со распон на крилјата од 32 метри и се користени во секојдневното бомбардирање на Германија за време на Втората светска војна.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...