Во Европа студено во октомври и ноември, во декември затоплување

311
20121205 Wednesday 1055 plusinfo skopje sneg ladno vreme nevreme niski temperaturi stud zima studeno led

Студено време низ северна Европа се очекува во октомври и ноември, а температурите повторно ќе се искачат над вообичаените за тој период од годината во декември, соопшти денеска американскиот сервис Ведр компани (Weather Company).

На југот на Европа, помеѓу октомври и декември се прогнозира потопло време од вообичаеното.

Обилни врнежи од дожд се очекуваат во Велика Британија, северна Европа и јужна Скандинавија повеќе од вообичаеното, додека на крајниот север и јужниот дел на Европа ќе биде суво.

Тод Крафорд, главниот метеоролог на компанијата, вели дека поголем дел од северна Европа би можел да се соочи со првата многу студена зима од 2012 година во јануари и февруари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...