Европските производители на електрични апарати за домаќинство ќе треба да направат потрајни производи и за нив да обезбедат резервни делови до 10 години. При производството компаниите ќе треба да користат материјали кои можат да се рециклираат. Ова е предвидено со новите мерки донесени од Европската комисија за еко-дизајн на електрични уреди, кои ќе стапат во сила во 2021 година.
Според новите стандарди, производителите ќе треба да обезбедат резервни делови кои ќе треба да бидат лесни за поправање со достапни алатки и без оштетување на производот.
Новите стандарди се донесени како одговор на голем број поплаки од потрошувачите во Европа и Северна Америка кои укажуваат дека апаратите за домаќинство се распаѓаат веднаш штом ќе истече нејзиниот гарантен рок, а поправките се тешки бидејќи нема резервни делови. Потрошувачите, како што тврдат, се принудени да купуваат нови производи без да имаат можност на поправки.