Оценката на економската успешност е комплес на бројки што треба да се гледаат интегрално. Успешноста не се мери само по еден параметар, туку по цел сет параметри и затоа очекувам 2019 година да биде најуспешна во последните 15 години и да има раст над 3,5 проценти и поголем, при „0“ задолжување од државата или многу мало задолжување, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
– Кога зборваме за економски резултати на една држава тое не е само една бројка и само БДП, туку е сет на повеќе резултати. Мораме да земеме предвид кога настанал БДП колку било здолжувањето, дали паднала невработеноста, дали пораснале платите и странските директни инвестиции. Кога ќе се земе сет на сите овие прашања заедно очекувам 2019 година да биде најуспешна во последните 15 години – изјави Анѓушев во одговор на прашање пред почетокот на денешната тркалезна маса „Идната улога на пазарите на капитал во мали и отворени економии“, организирана од Комисијата за хартии од вредност и Македонската берза.
Тој посочи дека ќе продолжат да растат платите, ќе расте индустриското производство, а до крајот на годината ќе бидат подобри и државните и директните странски инвестици и ќе растат сите останати економски параметри.