Германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека Европа не е невина кога станува збор за трговските тензии што ја мачат глобалната економија.
Говорејќи по состанокот со лидерите на мултилатералните финансиски институции, Меркел одби да го обвини исклучиво американскиот претседател Доналд Трамп за забавување на глобалната економија поради неговиот тврд став за трговијата со Кина.
– Немаме со што да се гордееме. Веќе три години преговараме за уреден Брегзит. И тоа ни носи голема неизвесност кога ќе сфатите дека до тој излез (на Велика Британија од ЕУ) треба да дојде на 31 октомври. А луѓето сè уште не знаат како ќе изгледа синџирот за снабдување – рече Меркел.