Американскиот државен секретар Мајк Помпео во писмото што го испрати до Одборот за надворешни работи во Претставничкиот дом на САД напиша дека демократите се обиделе да ги „заплашат и малтретираат“ вработените во Стејт департментот и дека земањето на закажаните изјави не е изводливо.
Три комитети на Претставничкиот дом закажаа земање изјави од петмина сегашни и поранешни функционери на Стејт департментот во текот на следните две недели, меѓу кои и поранешната амбасадорка во Украина Мари „Маша“ Јованович и Курт Вокер, пратеник за Украина, кој си даде оставка минатата недела.
Краен рок за Помпео е 4 октомври – да достави документи што се однесуваат на нивната истрага за интеракцијата на американскиот претседател Доналд Трамп со Украина.
Сослушувањето е дел од истрагата за отповикување на американскиот претседател.