Бранови високи до 22 метра и урагански ветрови од преку 200 километри на час се прогнозираат за делови од Азорските Острови кога ураганот „ Лоренцо“ ќе го погоди тој архипелаг во Атлантскиот Океан.
Се очекува ураганот од втора категорија да ги погоди португалските острови вечерва и утре претпладне.
Американскиот национален центар за урагани во Мајами издаде предупредувања за ураган за седум од деветте вулкански Азорски Острови и за предупредување за тропска бура за останатите два.
Околу 250.000 луѓе живеат на оддалечените острови.
Властите во Азорите издадоа црвено предупредување за двата најзападни острови Флорес и Корво меѓу полноќ до утре напладне.