Верувам дека добрата вест за почнување преговори со Европската унија ќе влијае позитивно на целиот регион и на Европската унија и оти ќе биде препознаен напредокот на реформите во решавање на проблемите. Регионот е сменет, се стреми и создава услови за натамошен развој и интегрирање. истакна премиерот Зоран Заев на отворањето на Самитот на „Економист“, што се одржува денеска во Скопје.
Како што потенцираше премиерот, регионот станува пример дека со заедништво и со инвентивни решенија може да се надминуваат проблемите.
– И мала држава како Република Сверна Македонија може да носи порака на свежина, промена и надеж и да биде добра вест – потенцира Заев, посочувајќи дека Договорот од Преспа е вистински пример за моќта на дипломатијата и дијалогот.
– Тој е корисен пример за многу други отворени прашања. Секој проблем е различен и специфичлен, но дијалогот и дипломатијата остануваат најдобриот пристап во нивното решавање. Како лидери на своите земји им должиме на граѓаните да ги решаваме проблемите, да го одржуваме мирот и да создаваме услови за развој и подобар живот на сите – рече Заев.
Денеска, како што истакна тој, од овде преку еминетниот „Економист“ сакаме низ светот да одекне добрата вест дека овој регион е сменет и дека регионот нема повеќе да биде заглавен, повеќе не е заглавен во конфликти и во безидејна иднина.
– Ерата на манипулативните националистички реторики е минато. Сите заедно грабиме кон посветла иднина. Берлинскиот прцес ја постигна целта да го зголеми интересот на Западен Балкан и да нѐ стави на мапата на соработка на земјите членки на ЕУ. Спроведувањето на агендата за конективност на Берлинскиот процес и повеќегодишниот Акциски план за регионална економска зона има важна цел да го забрза развојот на регионот и да го подобри квалитетот на животот на нашите граѓани. Регионот зборува активно за дигиталзиација, заедничкиот настап на европскиот и глобалните пазари, царинските олеснувања, заедничките гранички премини, фондови за иновации… – рече Заев.
Самитот продолжи со обраќање на помошникот американски државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, а меѓу гостите се и поранешните премиери на Грција и на Белгија, Алексис Ципрас и Ги Верхофштат и поранешниот претседател на Европскиот парламент, Мартин Шулц.
Нашата држава првпат е домаќин на настанот, во организација на „Економист“ најпознатиот неделен економски магазин, кој има милионски тираж и е основан во 1843 година.