Поранешниот француски претседател Жак Ширак беше погребан денеска на приватна церемонија на гробиштата Монпарнас до неговата ќерка Лоранс, која почина во 2016 година.
Комеморацијата претходно се одржa во црквата Сен-Сулпис во Париз. Му беше оддадена воена почест со плотуни и национална химна.
Францускиот претседател Емануел Макрон не одржа говор на комеморацијата, а присутни беа многу француски политичари, меѓу кои и поранешните претседатели Никола Саркози и Франсоа Оланд. Во Париз беа и рускиот претседател Владимир Путин, поранешниот американски претседател Бил Клинтон, поранешниот германски канцелар Герхард Шредер.