Цело попладне централното градско подрачје е блокирано, а колони возила и автобуси создадоа сообраќаен хаос во главниот град.
Во гужвата кај МАНУ повреден бил пешак, а интервенирала и Итната помош.
Поради големиот метеж, автобусите кружат низ улиците, надвор од својата определена маршрута и не застануваат на постојките.
Од МВР велат дека има собир на здружението Тврдокорни пред паркот Жена борец, спроти Парламентот и дека состојбата со сообрќајот во главниот град не може да се крактеризира за хаос, туку за вообичаена гужва која минатата година била секојденевна, додека протестираше истото здружение.